Со ќутенката Гвинет Полтроу рипна в тавче


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Славната холивудска актерка Гвинет Палтроу (46), во саботата, 29 септември 2018, во најголема тајност стапи во брак со нејзиниот избраник, 47-годишниот холивудски продуцент Бред Фалчук.

Тајната церемонија се одржала во луксузната вила во Хемптонс, а на свадба присуствувало семејството, блиски пријатели и колеги на новопечените сопружници.

Поранешниот сопруг на познатата актерка, Крис Мартин, фронтменот на бендот “Колдплеј”, од кого се разведе во 2016 година, иако бил поканет не се појавил на ванчавката, наводно, заради веќе закажан настап со бендот. како што пренесуваат светските медиуми, меѓу гостите биле: Камерон Дијаз со сопругот, Роберт Дауни Џуниор, Стивен Спилберг и многу други.