Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Илон Маск е принуден да се повлече од челната шефовска позицијата на шеф на управниот одбор на „Tesla“. Дополнително, тој и компанијата ќе платат по 20 милиони долари казна на регулаторот на пазарот.
Според многумина, Маск со ваквата одлука се „извлекол“ бидејќи во договорот со Американската комисија за хартии од вредност (СЕЦ) и понатаму останува на позицијата извршен директор на Тесла.
СЕЦ во четвртокот го обвини Маск дека ја излажал јавноста и инвеститорите со своите твитови за приватизација на компанијата, и нејзино повлекување од берзата. Маск стави и цена на акциите од 420 долари, што доведе до раст на акциите од дури 11 отсто.
Технолошкиот иноватор со тоа свесно ја измамил јавноста, бидејќи за приватизација не разговарал со ниеден финансиер.
Акционерите на Тесла можат да се смират, бидејќи се плашеа од долга правна битка која ионака преоптоварената компанија би ја турнале во нови проблеми, што би довело до пад на акциите на берзата.
Финансиските експерти и инвеститорите веруваат дека овој договор на Маск и СЕЦ ќе ја зајакне Тесла, бидејќи компанијата со години трупа загуби, а од друга страна постојано привлекува нови инвеститори.
Компанијата сега мора да избере нов независен претседател на управниот одбор, како и човек што ќе го контролира односот со јавноста на Маск.