Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Еден од водечките технолошки мастодони кои неколку пати го менуваа текот на развојот на технолошките иновации, Бил Гејтс, е прилино строг кога станува збор за децата и нивното воспитување и користење на паметни телефони.
Во едно неодамнешно интервју за The Mirror, Гејтс откри дека неговите деца не смееле да имаат било каков мобилен телефон до нивната 14-та година.
„Често поставуваме временски граници после кои нема користење на технологија, а во нивните случаи тоа им помага да одат на спиење во разумно време“, вели Гејтс. Додава дека неговите деца не смеат да користат мобилните телефони кога седат со семејството на маса, но можат да ги користат за задачи и учење.
Децата од Гејтс, Џенифер Кетрин (22), Рори Џон (19) и Феб Адел (16), веќе „ги исполнуваат старосните услови“ за поседување паметен телефон, но и понатаму не смеат да имаат производи од Apple, благодарение на долгогодишното технолошко ривалство на Гејтс со Џобс.
И додека неговите родителски одлуки на некои им се чинат престроги и остри, истражувањето направено во 2016 година со наслов „Kids&Tech: The Evolution of Today’s Digital Natives“, покажа дека просечна возраст на која детето добива паметен телефон денес е 10,3 години.
„Мислам дека таа граница е падната уште пониско, бидејќи родителите се уморни од давање на своите смартфони на децата“, вели за New York Times Стејси ДеБроф од маркетиншката компанија Influence Central.
Џејмс П. Стејер, CEO на непрофитната организација Common Sense Media, која ги прегледува содржините и продуктите за семејства, вели дека и тој има едно строго правило кога станува збор за мобилни телефони.
„Ги добиваат кога ќе тргнат во средно школо и само кога ќе докажат дека можат да се контролираат“, вели тој. Сепак, додава дека нема магична бројка кога станува збор за одредување на оваа возрасна граница.
„Не постојат две исти деца, нема магичен број. Бројот на годините на детето не е битен како неговата одговорност или возрасна зрелост“, додава Џејмс.
PBS Parents направи листа со прашања кои родителите треба да си ги постават пред на детето да му го купат првиот смартфон или обичен мобилен телефон:
– колку се вашите деца независни?
– дали „мораат“ да бидат во контакт со вас од безбедносни или социјални причини?
– колку се одговорни?
– можат ли да го прифатат концептот на ограничувања за една минута разговор и преземање апликации?
– дали можете да им верувате дека нема да праќаат пораки за време на наставата во школо, да им сметаат на другите со своите разговори и дека функциите за пораки, фотографии и снимки ќе ги користат одговорно (не за посрамување или вознемирување на другите)?
– дали навистина им треба паметен телефон кој може да служи за слушање музика, гледање филмови, играње игри и врска со интернет?
– им треба ли нешто што ја открива нивната локација на пријателите – или можеби на странци – како што дозволуваат некои апликации?
– дали сакате да го плаќате тоа?