Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Од технолошкиот гигант и најпопуларна социјална мрежа на планетава, Фејсбук, јавно открија дека објави дека околу 50 милиони профили од нивни корисници биле компромитирани поради изложеност на хакерски напад.
Хакерското компромитирање било реализирано преку опцијата „View As“, преку која хакерите добиле контрола врз профилите на корисниците на оваа социјална платформа.
Од Фејсбук соопштија дека ова компромитирање било откриено минатиот вторник и за тој прекршок биле известени полициските органи.
„Упадот беше среден“, напиша Гај Розен, шеф за безбедност во Фејсбук. Тој објасни дека сите загрозени профили биле ресетирани, а дополнително, како мерка на претпазливост, биле ресетирани и профилите на други 40 милиони корисници.
Марк Закерберг, првиот човек на Фејсбук, изјави дека имаат одговорност да ги штитат податоците од корисниците, поради што проблемот го сфаќаат многу сериозно, бидејќи ако не можат да го направат тоа, тогаш не ја заслужуваат довербата од истите.
Од Фејсбук не открија од кој дел на светот се тие 50 милиони корисници со хакирани профили, но изјавија дека ги информирале одговорните на европското претставништво на Фејсбук со седиште во Ирска.