34 години потоа: Шварценегер и Линда Хамилтон на сет од снимањето на „Terminator 6“


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Славните актери Арнолд Шварценегер (71) и Линда Хамилтон (62) се фотографираа на сет од снимањето на филмот „Terminator 6“ после 34 години откако заедно го снимија првиот филм од оваа франшиза.

Хамилтон ја глумеше Сара Конор, додека Шварци беше во улога на Терминатор. Првиот филм се појави во 1984 година, а сега популарниот актерски тандем повторно заедно работат на шестото продожение од франшизата кое започна да се снима во јуни.

Линда се појави во „Terminatoru 2: Judgment Day“ од 1991 година, но не и во третото продолжение „Terminator Salvation“. Во тој филм од 2009 година се појави само нејзиниот глас.

Арнолд објави заедничка фотографија со Хамилтон од второто и последното продолжение од франшизата.

„Среќен роденден на мојата драга пријателка Линда Хамилтон. Таа е една од моите омилени колешки, прекрасно суштество. Возбуден сум што повторно сме заедно“, напиша Шварци под фотографијата.

Шестото продолжение од филмот за Терминатор во кината стигнува во ноември, 2009 година, а покрај споменатиот актерски тандем, во него се појавуваат и Мекензи Дејвис, Диего Бонета, Габриел Луна и Натали Рејес. Режисер е Тим Милер.