Официјално: Стигна казната за Роналдо после црвениот картон!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Дисциплинската комисија на УЕФА денес донесе одлука за казната на Кристиано Роналдо поради црвениот картон против Валенсија.

Ѕвездата на Јувентус доби директен црвен картон на „Местаља“, кој крена големи полемики бидејќи во најмала рака беше престрого доделен.

УЕФА денес донесе одлука да го „помилува“ Роналдо, па наместо стандардните два меча, Португалецот доби еден меч суспензија.

Тоа значи дека Роналдо ќе го пропушти дуелот со Јанг Бојс, но ќе може да игра на „Олд Трафорд“ против Манчестер Јунајтед.