Видео: Дали Ливерпул беше оштетен против Челзи?


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Челзи синоќа го елиминира Ливерпул од Лига Купот откако славеше на „Енфилд“ со 2:1.

Најпрво Стариџ ги доведе во водство „црвените“, а потоа Емерсон Палмери ги врати во игра „сините“ со спорен гол.

Голот на Емерсон во 79-та минута покрена голема дискусија на Островот, а и самиот Клоп после мечот се пожали дека голот не е регуларен поради офсајд.

Сомнежите дека голот беше постигнат од офсајд се навистина сериозни, но голот беше признат после консултација со ВАР системот.

„Апсолутно убеден сум дека, сепак, при првиот гол на гостите имаше барем двајца, ако не и тројца нивни играчи во офсајд. Не знам како судијата не го виде тоа на видеоповторувањето. На крајот не сакам да критикувам никој. И судиите се луѓе и тие грешат“, изјави Клоп.