Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Денес, утрово, под силно полициско обезбедување, започна транспортот на гласачкиот материјал за претстојниот референдум до Општинските изборни комисии, кој беше печатен во битолската печатница „Киро Дандаро“.
-Во текот на денот со помош на возила на Македонска пошта, наши екипи во придружба на припадници на МВР, согласно претходно подготвениот план ќе се изврши дистрибуција на гласачкиот материјал до сите ОИК, изјави Оливер Деркоски, претседател на ДИК.
На референдумот прво на глас имаат 1.806.336 гласачи на 3480 избирачки места во државата, а во дијаспрата се пријавиле 2695 гласачи во 33 дпломатско конзуларни претставништва.
„Ливчињата се испечатени со висок квалитети, имаат околу 20 заштити и не постои никаква можност за копирање. Целокупниот материјал -гласачки ливчиња, паравани, избирачки списоци, записници, сè е предеаден на ДИК, изјави Драги Милошевски, директор на печатница „Киро Дандаро“
Граѓаните кои ќе излезат на гласање ќе трба да одговорат со „за“ или „против“ на референдумското прашање „ Дали сте за членство во Европската унија и НАТО со прифаќање на договорот меѓу Македонија и Грција“. Гласањето во недела на 30 септември почнува во 7 и завршува во 19 часот.
Извор: Телма