Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Македонија и македонскиот фудбал денес останаа без Балгој Истатов.
Истатов е роден во Струмица на 5-ти мај 1947 година, каде што ја започна голманската кариера во младинските селекции на Беласица. После неколку години преминува во тогашниот второлигаш Победа каде што се задржа до 1973 година. Таа 1973 година неговите квалитети беа забележани од белградски Партизан кој го доведе во своите редови.
Во Партизан Истатов помина три години.
После трите години во Партизан во 1976 година премина во холандски Утретех. Тука даде огромен придонесе и беше од голема корист на клубот кој славеше против големите Фејенорд и Ајакс.
Неговата спортска како и животна приказна заврши во неговата рудна струимица. Се врати и повторно заста на на голот на Беласица, а кога клубот остана без тренер, одлучи да ја води екипата.
Од фудбалот се прости на 29 новемри 1983 година кога на стадионот „Младост“ во натпреварот против Беласица и Партизан се собраа повеќе од 10.000 вљубеници во фудбалот.
Како тренер во Беласица помина седум години и имаше голем успех. Потоа ги водеше клубовите на ФК Малеш, Дојранско езеро, Вардар, Касторија и фудбалската репрезентација.
Во 2015 година ФФМ му додели признание за животно дело.