Од ФИФА му се налутија на Роналдо, но НЕ и на Меси


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Двете супер-ѕвезди на светскиот фудбал, Кристиано Роналдо и Лионел Меси не присуствуваа на церемонијата на ФИФА, меѓутоа Светската куќа на фудбалот му се налутила единствено на Португалецот, пренесува „Мундо Депортиво“.

Според весникот во случајот со Кристиано Роналдо станува збор за номиниран во главната категорија. Притоа, откако тој во неделата објави дека нема да присуствува стана јасно дека нема да ја добие наградата.

Од друга страна Барселона на време ја информирала ФИФА дека Меси нема да присуствува на церемонијата, посочувајќи ги личните причини на Аргентинецот.