Вучиќ пред сопартијците го призна српскиот политички пораз за Косово


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Српскиот претседател Александар Вучиќ, на собирот пред сопартијците од „Српската напредна партија“ чиј водач е тој, изјави дека неговата политика за Косово и Метохија доживеала пораз. Тој објасни дека поразот се должи на тоа што Србите повеќе сакаат да кукаат и да плачат за нешто што е далеку, наместо да имаат нешто во своите раце.

„Дали ќе имаме нова шанса? Се плашам дека ќе немаме, но ќе се бориме уште посилно за народот на КиМ“ – рече Вучиќ на седницата на главниот одбор на СНС.

Во своето обраќање српскиот претседател се обиде да даде објаснување за својот последен говор при посетата на северниот дел на Косово, за што рече дека тоа е политика на дисконтинуитет, со таа што ја водеше Слободан Милошевиќ, пренесува „Данас“.

„Тоа никој не го забележа во земјата и регионот, затоа што им е потребна лоша и кавгаџиска Србија, која ќе се заканува со војни. Србија ќе ги освојува регионот и светот со молив и лаптоп. Ние ќе го зачуваме мирот на КиМ, а се надевам сѐ ќе биде добро и со Република Српска и нашиот народ во Босна и Херцеговина“ – нагласи Вучиќ.

Тој им порача тој на партиските членови дека во последните пет години Србија успеа да го врати косовското прашање на маса, кое било ставено ад акта. Косово е независно и во прашање е само денот кога сите Срби ќе го прифатат тоа. Таму не живее Србија и заборавете на Косово и Метохија.

„Сами ја исфрливме Србија од ОН во 2009 година, исто како што денес некои ги замајуваат и лажат луѓето дека ќе го вратиме Косово“ – рече Вучиќ.

Претседателот Вучиќ се осврна и на работата на некои партиски функционери што почнале да се однесуваат исто како и оние од претходната власт, кои го искрадоа народот и државата.

„Ќе славиме десет години од формирањето на партијата, во време кога беше потребно да се решаваат горливите прашања, затоа што земјата беше пред економски колапс и банкрот, но и пред целосна политичка пропаст. По четири години успеавме да победиме на изборите и да ја стабилизираме земјата. Спроведовме мерки на финансиска консолидација, и можеме да се пофалиме дека три години по ред имаме суфицит во буџетот. Имавме сојузници во пензионерите и народот, кои го поднесоа најголемиот товар“ – се пофали Вучиќ пред членовите на СНС.

Според него, Србија е независна, суверена и слободна земја, која сака да соработува со сите што ѝ посакуваат добро. Таа е на патот кон Европската Унија, но во ниеден момент не им го свртеле грбот на руските пријатели, пренесе „Политика“.