Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ ја прекина доминацијата на Меси и Роналдо и синоќа беше избран за најдобар фудбалер на светот според ФИФА.
Модриќ кога ја доби наградата најпрво им се заблагодари на соиграчоте на Реал Мадрид и репрезентациајта, а потоа испрати искрена порака до капитенот на златната генерација на Хрватска и негов идол, Звонимир Бобан.
„Сакам да му се заблагодарам на мојот идол Звонимир Бобан, поранешен капитен на Хрватска и на генерацијата на фудбалери кои ја освоија светската бронза во 1998 година. Тие беа одлична инспирација, и како тим, бевме убедени дека можеме да направиме нешто големо во Русија. Се надевам дека ќе бидеме инспирација за некоја друга генерација што доаѓа“, изјави Модриќ и го расплака својот идол.