Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Најпознатата црквата во Барселона и една од најславните во Европа, па и светот, во изградба е веќе 136 години, но за неа уште градските власти немаат издадено градежна дозвола и не е запишана во катастарот. Дополнително, градбата делумно излегува од габаритот, пренесува шпански „Ел Паис“.
Одговроните за нејзината изградба планираат во 2026 да ја завршат градбата на објектот, што се финансира со 50 милиони евра, колку што се собираат секоја година од посетата на околу 4,5 милиони посетители, односно 12.000 дневно.
Заштитниот знак на Барселона требало да добие дозвола од каталонските власти во 2016 , но ништо од тоа .
За изградбата на огромната црква постои само дозвола што датира од 1882 , издадена од Градската куќа на Сент Марти де Провансалс и во неа се наведува дека архитектот е должен да извади градежна дозвола пред да продолжи со градбата, но тоа не го направил.
Сега градските власти се соочуваат со преголеми димензии на црквата , како на пример височината од 172,5 метри што ја прави највисока зграда во Барселона. Архитектите ќе треба допрва да утврдат на кој начин да ја внесат градбата во 21 век и во катастарските книги.
До сега се изградени 70 проценти од базиликата.