Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Извршниот директор на „Amazon“, Џеф Безос, изјави дека се обидува да најде вистински формат за скапиот потфат да отвори 3.000 продавници без продавачи и наплатни каси, кој планира да го реализира до 2021 година, пренесува „Blumberg“.
Новите продажни центри би имале формат на минимаркет со понуда од свежо подготвена храна и други продукти како во 7/11. Друга можност би била да се отворат маркети од типот на продавници за откуп. Првата продавница без благајна е отворена во Сиетл во 2016.
Од тогаш биле отворени уште две во истиот град и една во Чикаго. Купувачите влегуваат во овие продавници со апликација на мобилен и откако ќе извршат скенирање. Во продавницата купуваат сендвичи и брза хтана, пијалоци и грицки. По тоа заминуваат, а сметката им се наплаќа преку апликацијата.