Мицкоски порача: Ако референдумот биде успешен, ние ќе го почитуваме тоа


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


ВМРО-ДПМНЕ ќе го почитува исходот од референдумот ако истиот биде успешен и мнозинството гласа во насока на поддршка на референдумското прашање.

Ова го изјави лидерот на партијата Христијан Мицкоски на дебатната емисија на ТВ 21, запрашан дали ако референдумот биде успешен ќе им каже на пратениците од партијата да ги поддржат уставните измени за кои е потребно двотретинско мнозинство во Собранието.

Во однос на референдумот тој го повтори партискиот став дека секој треба самостојно да одлучи, повторувајќи дека ВМРО-ДПМНЕ е за интеграција во ЕУ и НАТО, но е против Договорот за името со Грција.