Ливерпул го има најдобриот старт во последните 57 години!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Со синоќешната победа над ПСЖ во Лигата на шампиони, тимот на Ливерпул ја запиша 6-та последователна победа од стартот на сезоната, со што израмни рекорд стар 57 години.

За последен пат, тимот од Мерсисајд имаше толку добар почеток пред 57 години, односно во сезоната 1961/62. Тогаш успесите беа постигнати во тогашната втора англиска дивизија.

„Црвените“ имаат вкупно 15 бода во Премиер лигата и го делат првото место со Челзи. Синоќа Ливерпул ја запиша и првата победа во Лигата на шампиони победувајќи го моќниот ПСЖ на „Енфилд“.

Во следните недели на тимот предводен од Клоп му претстојат тешки натпревари. Најпрво во сабота ќе му гостуваат на Саутемптон, а потоа следуваат двата меча со Челзи во Премиер лигата и Лига купот.