Женската оаза наречена SuperShe – островот на кој се забранети мажи и алкохол


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Кристина Рот е бивша сопственичка на консултантска компанија од технолошкиот сектор, која ја продаде за 45 милиони долари и си купи приватен остров за остварување на нејзините прилично интересни замисли, визии и желби.

Таа го купи островот Фјардскар во Финска, и го преименува во SuperShe (островот СуперТаа), каде реши „да им помогне на жените да ја откријат најдобрата верзија на самите себеси – или да станат, како што вели таа, супержени“.

Кристина Рот

Мерин Курото од „Observer“ беше поканета на еднонеделен престој на островот, кој во други, комерцијални услови чини 4.675 долари и е отворен за оние што ги „задоволуваат строгите критериуми за членство“.

На „внимателно програмираната оаза за женско јакнење“ од 8,4 акри нема мажи, шеќер и алкохол (во секоја можна прилика се јадат цвеќиња!), и е луксузно уредена.

Островот може да се пофали со славни шефови на кујни, 2.000 тоалети што го согоруваат изметот и нешто што се нарекува „шумско капење шинрин-јоку“.