Милошоски: Пред 14 години членството во НАТО зависеше од Рамковниот, а сега од Преспанскиот договор!?


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски кој најави дека ќе го бојкотира референдумот за промена на уставното име на државата и бришење на историјата, идентитетот и јазикот потсети на пропагандата на меѓународните фактори кои пред 14 години не убедуваа дека членството во НАТО зависи од Рамковниот договор со тоа поттикнувајќи бојкот на референдумот за територијалната поделба.

Денеска, сосем непринципиелно, голем број странски државници се мешаат во внатрешните работи на Македонија отворено застанувајќи зад промената на името и вршејќи пропаганда за поголема излезност.


Така Милошоски во својот Твитер статус се присети на посетата на тогашниот секретар за одбрана на САД, Доналн Рамсфелд кој пропагираше дека членството на Макеоднија во НАТО зависи од Охридскиот Договор. Денес вели Милошоски ќе чуеме дека влезот во НАТО зависи од Договорот за менување на името и Уставот.

Милошоски го потенцира и фактот дека Владата е повторно во лага и дека ова не е прва туку трета посета на америкнаски секретар за одбрана.