Од полноќ поскапуваат горивата – еве ги новите цени

горива

Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Со одлука на Регулаторната комисија за енергетика, од полноќ стапуваат во сила нови цени на нафтените деривати.

Од ноќеска бензинот супер 95 поскапува за половина денар и ќе се продава по цена од 72,50 денари, а цената на супер 98 не се менува и ќе се точи за 74 денари. Дизелот поскапува за 1,5о денари и ќе се купува за 66 денари по литар.

Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 54,50 денари за литар.

Според одлуката на регулаторот, малопродажната цена на мазутот М-1 НС од полниќ ќе изнесува 34,351 денари за килограм.