Николас Кејџ откри зошто ја одбил една од клучните главни улоги во „Господарот на прстените“


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Холивудскиот актер Николас Кејџ откри дека тој требало да го глуми еден од клучните главни ликови во епската трилогија „Господарот на прстените“, ликот на Арагон, и објасни од кои причини ја одбил улогата.

„Знаете, малку фалеше да глумам во трилогијата Господарот на прстените, но не го направив тоа“, изјави Кејџ и додаде дека станувало збор за важен лик во филмската трилогија. „Тоа беше Арагон, улогата која ја играше Виго (Мортенсен). Но, не сакав да се преселам во Нов Зеланд на три години. Бев навистина зафатен со грижата околу мојот првороден син, па не можев да заминам на толку долго време. Во тоа време се разведував“, откри актерот за јавноста.

Во неговата последна филмска улога во филмот Mandy, Кејџ го глуми Ред Милер, чиј живот се наоѓа во целосен хаос откако неговата партнерка ќе биде убиена од член на садистички култ. Тогаш тој си ветува себеси дека ќе го најде и убие секој кој е поврзан со смртта на неговата љубов, а филмот, чие дејство се случува во 1983 година, е полн со крв и акција.