Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Македонската театарска актерка Ирена Ристиќ, синоќа околу 01.00-01.30 по полноќ, била приведена во Полициската станица Беко. Причината за апсењето, наводно, била алкохолизираната состојба на актерката.
Според нејзиното кажување овластените службени лица одбиле да се легитимираат и одбиле да и дозволат пристап до бранител, иако побарала веднаш. Била спроведена во ПС Центар (Беко) од каде е спроведена во Бардовци и вратена пак во ПС Центар.
Нејзиниот бранител адвокат Јанаки Митровски е контактиран дури во 03.30 часот, по што актерката Ирена е пуштена во 04.30 часот.
Актерката се огласи на својот фејсбук профил, каде напиша за немилиот настан и бруталноста на службените лица.
Повеќе информации очекуваме од порталот Јанакизнае.мк, кој ја пренесе веста за апсењето.