Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Пет лица беа уапсени во Вилмингтон од страна на полициските сили во Северна Каролина поради кражби за време на поплавите кои ги предизвика ураганот „Флоренс“.
На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа искршен супермаркет од каде неколку луѓе изнесуваат што можат да пренесат.
Најинтересното од се е што крадците не покажале никаков страв, туку само на брзина изнесувале што дури ни телевизиските екипи и новинарите не им сметале во „работата“.