Македонските возачки дозволи конечно ќе бидат признати во Германија


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Со декларацијата која утре, вторник, ќе биде потпишана од страна на македонското Министерство за внатрешни работи и германското Министерство за сообраќај, во Германија конечно ќе бидат признати македонските возачки дозволи..

Македонското Министерство за внатрешни работи и германското Министерство за сообраќај во вторник конечно ќе го потпишат договорот за меѓусебно признавање и замена на возачките дозволи во двете земји. Договорот би требало да стапи во сила веднаш потоа, што значи дека набрзо ќе можат да се заменуваат македонските возачки дозволи во Германија, и обратно.

Двете земји постигнаа начелен договор за меѓусебно признавање на возачките дозволи уште во февруари годинава, но технички проблем ја одложи финализацијата на договорот. Тогаш и премиерот Зоран Заев вети дека договорот набрзо ќе биде постигнат.

Стапувањето во сила на договорот со олеснување ќе го дочекаат македонските државјани кои имаат постојано живеалиште во Германија, но и оние кои често патуваат во земјата, бидејќи досега правото да управуваат со моторно возило во Германија го имаа само во првите шест месеци од престојот. Потоа, мораа да полагаат одново возачки испит.

Неколку други земји од регионот, како Србија и Босна и Херцеговина веќе подолго време имаат вакви билатерални договори со Германија и нивните државјани без проблеми можат да управуваат моторни возила во земјата, без ограничувања.