Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
24-годишниот Енвер Тоска е полицаецот кој е обвинет дека на мошне свиреп начин го уби 36-годишниот битолчанец Алил Бекир. Тоска е вработен во МВР пред три години, а последна фотографија на неговиот Фејсбук профил е со заменик министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу, од 14 септември 2018.
Последното свирепо убиство во околината на Прилеп предизвика огромни реакции на социјалните мрежи, каде граѓаните со право се загрижени, кој се` се вработува во МВР. Наместо да го штитат животот на граѓаните, најмногу од припадниците на Министерството за внатрешни работи не треба да очекуваме грозоморни убиства.
НК за КР Прилеп до Основното јавно обвинителство денеска 15.09.2018 год. поднесе кривична пријава против Е.Т. (24) од Битола, вработен во Министерството за внатрешни работи како полицаец во ПС ОН Битола, поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“ предвидено и казниво по член 123 од КЗ на РМ.
На 14.09.2018 година околу 12.00 часот пријавениот го контактирал сега покојниот А. Б. (36) во с.Јеловјане и му понудил да му продаде патничко моторно возило марка „Голф 5“, сопственост на лицето Ј.С. од Битола. Двајцата контактирале преку пораки од социјалната мрежа „Facebook“ при што се договориле истиот ден околу 14.30 часот А.Б. да го види возилото, кое од страна на пријавениот му било понудено за продажба за сума од 3.600 евра. Откако го виделе возилото, двајцата се упатиле кон село Беловодица, во близина на превојот Плетвар, каде што наводно требало да ги чека сопственикот на возилото. Откако стигнале во атарот на с.Беловодица двајцата излегле надвор од возилото. Во еден момент Е.Т. го извадил својот службен пиштол кој го носел со себе и испукал четири куршуми кон покојниот А. Б., кој бил усмртен на лице место. Е.Т. од А.Б. одзел една чантичка во која имало 4.000 евра, пари кои му биле предвидени да му ги плати на сопственикот на возилото.
Потоа, пријавениот од возилото извадил шише полно со бензин и црна капа која му ја ставил на лицето на покојниот Б.А. и откако го полеал со бензин го запалил. Откако го извршил кривичното дело, со возилото се упатил во правец кон Битола. На 15.09.2018 околу 02.00 часот Е.Т. е лишен од слобода. Службениот пиштол со потврда е одземен и истиот ќе биде предмет на балистичко вештачење, информираше МВР.