Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Жестокиот ураган „Флоренс“ кој го погоди брегот на САД во Северна и Јужна Каролина, ги однесе и првите жртви. Мајка и бебе загинаа во Северна Каролина од пад на дрво врз нивната куќа, додека таткото се здобил со тешки повреди и е префрлен во болница.
Во градот е забележан уште еден смртен случај на жена која умрела по добиен срцев удар. Четвртата жртва на ураганот „Флоренс“ е маж кој загинал од струен удар, додека се обидувал да се засолни во налетот на ураганот. Официјални лица предупредуваат дека обилните дождови од ураганот Флоренс ќе траат со денови и дека жителите на Северна Каролина можеби ќе се соочат со најлошите поплави од почетокот на новиот милениум.
Флоренс во овие моменти и натаму е ураган од прва категорија со брзина на ветерот од 130 километри на час, иако на некои места се забележани и посилни ветришта.
Надојдената вода поради силните бранови и врнежи од дожд принуди телевизиска станица од Северна Каролина да го евакуира персоналот.