Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
За квалитетот на вашата врска навистина не е важно колку таа трае, најважно е двајцата да бидете присутни и посветени и да уживате во својата љубов. Не треба да ја споредите вашата врска со другите. Вашата приказна е за себе и доколку се чувствувате сакани, тоа е најубавата приказна која можете да ја доживеете.
Ви нудиме неколку совети кои секако ќе го подобрат квалитетот на вашата врска.
1.Почитувајте ги интересите на својот партнер
Покажете интерес за хобито на вашиот партнер и кога не разбирате зошто нешто му е толку важно, поддржете го. Поддршката е важен елемент на секој однос и важно е да имате некој на кого можете да се потпрете покрај себе, а и вашиот партнер да може да се потпре на вас.
2. Никогаш немојте да заминете на спиење додека не го решите проблемот
Потребно е ефикасно да го решите секој проблем, а тоа ќе го направите само со разговор. Никогаш немојте да го ставате проблемот под тепихот, тоа не е добро ниту за вас ниту за вашата врска. Низ отворен разговор, вашата врска само ќе биде посилен.
3. Вложете труд во својата врска
Вложете труд во вашиот однос, обидете се низ ситни знаци на внимание на партнерот да му покажете дека ви е важен. Изненадете го од време на време со ситница и повторо разбудете му ги пеперутките во стомакот.
4. Негувајте ги своите пријателства
Потребно е да имате пријатели, со кои не се гледате заедно. Некогаш е добро некое време да одвоите и да се забавувате со другите луѓе. Доколку двајцата покрај заедничкиот ги живеете и сопствените животи, ќе имате многу повеќе заеднички теми за разговор.