Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Јапонија се соочува со се поголеми демографски оптеретувања, бидејќи веќе со децении животниот век се продолжува.
Бројот на 100-годишници во Јапонија порасна за 3% во однос на минатата година и сега изнесува 69.785, од кои 90% се жени.
По податоците на Министерството за здравство, работа и социјална грижа, зголемувањето се евидентира 48. година во низа.
Во 1963. во Јапонија живееле само 153 100-годишници, а во 1981. година тој број пораснал на 1000.
Веќе во 1998. година 100-годишници биле 10.000.
Во Јапонија инаку живее и најстарата лиќност на светот, Кане Танака која наврши 115 години.
Родена во 1903. година, истата година кога пионирите, браќата Врајт полетале со својот „Flyer“.