Безос донира 2 милијарди долари за едукација на сиромашните и вдомување на бездомниците


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Основачот и прв човек на гигантот „Amazon“, Џеф Безос, кој моментално е и најбогатиот човек на светот, ќе основа фондација која за почеток ќе располага со 2 милијарди долари наменети за школување на сиромашните и за згрижување на семејствата без дом.

„Day One Fund“ ќе ги финансира постоечките добротворни организации кои им помагаат на семејствата без дом да пронајдат сместување и да создадат нова мрежа на непрофитабилни градинки во сиромашните заедници, напиша на Твитер Безос, чие богатство се проценува на повеќе од 160 милијарди долари.

Оваа вест ја објави една година откако испрати повик за предлози за тоа како да го искористи своето богатство.

Сепак, оваа сума е многу помала од филантропските придонеси на други мултимилијардери како на ко-основачот на Microsoft, Бил Гејтс – кој на својата фондација донирал милијарди долари – и сопственикот на социјалната мрежа Facebook, Марк Закерберг кој вети дека 99 отсто од акциите на својата групација ќе ги донира во добротворни цели.

Џеф Безос, кој се збогати по основањето на „Amazon“, ја основаше и агенција за истражување на вселената, Blue Origin, a сопственик e и на весникот Washington Post.

Во 2017 година, 33 милиони долари дал на фондот за доделување на факултетски стипендии т.н. Дримерс, мигранти кои како деца со своите родители илегално влегле во САД.

Тој, исто така, финансирал и истражувања за рак на Принстон Универзитетот, каде што некогаш студирал.