Од мало до старо – сите со парични приходи ќе мора да се регистрираат во УЈП


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


И најстарите и изнемоштените пензионери – буквално секој кој има било какви финансиски приходи ќе мора да се регистрираат на системот на УЈП.

Во подрачјата каде што нема интернет ќе има мобилни шалтери. Лицата кои не знаат да како се регстрираат можат некого да ополномоштат на нотар или со некого да дојдат во УЈП и да го овластат лицето со приложување лична карта и без дополнителни трошоци.

Од годинава ГДП ќе ја пополнува УЈП, а граѓанинот ќе ја проверува. Затоа сите кои имаат приходи треба да се регсистрираат за разлика од претходно кога лицата кои примаа само плата и пензија не поднесуваа пријави.

Во првата година казни за нерегистрирање нема да има.

Даночните обврзници треба да се регистрираат до крајот на годината. Регистрацијата е едноставна, се врши на страницата на УЈП, потоа испечатената потвра се верификува на шалтерите на УЈП.