Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Популарната американска раперка Ники Минаж го објави својот нов сингл „Barbie Dreams“ кој се најде на нејзиниот нов албум со наслов „Queen“.
Песната веднаш по објавувањето привлече големо внимание меѓу публиката, особено поради тоа што во неа Минаж пее за сите познати рапери и зошто би имала или не би имала секс со нив.
Ники објави и спот за „Barbie Dreams“ во кој, во форма на кукли од познатото „Мапет шоу“, се појавуваат Диџеј Каледа, Лил Вејн, 50 Сент, Мик Мил, 6ix9ine и Quavo.
„Barbie Dreams“ е трета песна од албумот „Queen“ кој е објавен на 10 септември. Ја продуцираше англискиот продуцент Ринго, а ја напиша Минаж со помош на уште неколку автори.