Изгледа како детски цртеж, а открива стравови и ужаси кои е тешко да се замислат


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Така Дејвид Фариер, нараторот на документарната серија „Dark Tourist“ од Netflix, ноншалантно го најави своето патување до Милвоки, на кое се придружи на туристка на стазата од злогласниот канибал Џефри Дахмер, за кој откри дека го нацртал можеби и најмачниот цртеж на планетата.

Дахмер распарчил, а во некои случаи и изел 17 мажи и момчиња во периодот од 1978 до 1991 година. Делови од нивните тела беа откриени во неговиот стан, каде беа најдени три глави кои ги чувал во фрижидер, пишува News.com.au.

Дахмер, познат како „Чудовиштето од Милвоки“, имал хомосексуални фантазии и ги дрогирал и силувал неговите жртви. Бил уапсен во 1991 година, кога една од неговите жртви успеала да му побегне. Осуден е на 900 години затвор, но во 1994 година бил убиен од друг затвореник во затворот во кој бил сместен.

Низ годините Дахмер привлекол околу себе своевиден култ, а Фариер се сретна со една од неговите „почитувачки“, Натали, самонаречена „црна туристка“.

Таа ентузијастички објаснува поради што за неа приказната од Дахмер е фасцинантна: „Никогаш не постоел случај како овој, каде имало лоботомија, обиди луѓето да се претворат во зомби, канибализам – сето тоа во едно“.

„Исто така, не бил садист. Во суштина, на своите жртви им нудел малку милост дрогирајќи ги и давејќи ги пред да ги распарчи“, додава таа. Потоа нештата станаа малку чудни, кога Натали извади череп од „Јужноамериканец“ и кога Фариер ја праша дали има сличност меѓу неа и Дахмер, таа негираше, но призна дека е „чудна“.

Но, нештата станаа уште почудни кога Фариер и Натали се запознаа со адвокатката од Дахмер, Венди Патрикус, која извадила парче хартија кое го добила од својот клиент, на кое има чудни детали од олтар кој тој го изградил во својот стан.

„Ги сочувал целосно телата на двајца од своите жртви. Бил опседнат со раце, чувал многу раце од жртвите, а очигледно и многу полови органи“, објаснува Венди покажувајќи го цртежот.

Фариер не можеше да верува што гледа додека Натали ги објаснуваше деталите, како што е ламбата на која ги ставал черепите.

„Толку е чудно што изгледа како детски цртеж, а сепак станува збор за нешто толку неверојатно. Мислам, ова е како True Detective или нешто уште пострашно“, вели Фариер. За цртежот вели дека не можел да го тргне погледот од него.