Стјуардеса од луксузна јахта тврди: „Оргии и ноќи со купишта кокаин – гледав одвратни нешта“


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Русокосата Емили Ворбартон-Адамс била весела и убава стјуардеса на супер-јахтата Valor по која воздивнуваа сите момци во реалното шоу Below Deck. И додека во емисијата изгледаше и делуваше задоволна од својата работа, 24-годишната лондончанка одлучи да ја раскаже другата страна од приказната за случувањата на бродот на кој пловеа богати и славни фаци.

„Некои гости беа мили и добри, но некои не третираа нехумано и не го ценев тоа“, вели Емили, додавајќи дека имало пијани гости кои отворено ѝ кажувале дека сакаат да ѝ ја видат вагината.

„Многу работи се случуваа, особено после три ноќе. Научив сето тоа да го турнам под тепих, бидејќи гостите навистина знаат да бидат напорни, со оглед на тоа дека им е сè дозволено“, објаснува таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by EMILY WARBURTON ADAMS (@english_ems) on

На 18 години сама отпатувала во Индија и тоа многу ѝ се допаднало. Иако имала одлични оценки, одлучила да не се запише на факултет и да ја учи „школата на животот“. Нејзината блиска пријателка Хериет ја запознала со светот на стјуардесите на јахтите од богаташите.

„Пред да почнете да работите на јахта, мора да ги платите трошоците за пријавата на натпреварувањето и тренингот. Мислам дека луѓето воопшто не го знаат тој факт“, додавајќи дека таа платила над 4.000 евра за тоа.

„Обуката вклучува преживување, гасење пожар и медицински вештини. Моравме да знаеме да гасиме пожар и да можеме влечеме тешки кукли полни со песок, тоа беше многу напорно“, објаснува Емили.

Признава дека сето тоа се исплатело, бидејќи платата била висока, а стилот на живот раскошен. Освен платата, стјуардесите од јахтите добиваат и високи бакшиши, кои достигнуваат и до неколку десетици илјади долари неделно, ако имате среќа. Иако не сака да открие колку точно заработила, тврди дека тоа било доволно за неа. Додава дека работниот ден некогаш ѝ траел и по 17 часа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by EMILY WARBURTON ADAMS (@english_ems) on

Раскажува дека знаеле да се вкотват во луксузни пристаништа, како оние на Корзика, а вработените на јахтата немале време ни да се симнат од неа за да го разгледаат градот.

Наемнината за јахтата Valor, која собира 12 гости, чини околу 230.000 евра неделно, а меѓу славните гости кои често пловат со јахта се Бијонсе и Џеј Зи, Леонардо ДиКаприо и Кортни Кардашијан. Емили не може да открие кој од славните фаци пловел на Valor, но истакнува дека имало богати и славни гости. Хедонистичкиот живот на јахтите вклучува и оргии, ноќи исполнети со кокаин, со или без гости на јахтата.

„Спиењето во туѓи кабини е често, па ми е драго што успеав да ја избегнам мрачната страна од сето тоа. Не е тешко ако сте дисциплинирани, но искушенијата се насекаде. Се изнагледав сешто, секс играчки, искористени кондоми, измет во туш кабините, урина во машините за миење садови и други одвратни нешта“, опишува Емили.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by EMILY WARBURTON ADAMS (@english_ems) on

Открива дека еден богат гостин сакал коктелот од чашата да му го тура по нејзината нога во неговата уста, а потоа ѝ понудил работа во неговата компанија во Велика Британија.

„Подоцна прочитав дека е обвинет за шест сексуални напади. Бизнисот му пропадна. Веројатно имам среќа што имам добри инстинкти“, заклучува Емили.