Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Освен што е неверојатен актер, Стив Бушеми е и човек-планина кога станува збор за карактерот, а тоа го докажал и после нападите на кулите-близначки на пеколниот 11 септември, 2001 година, во Њујорк.
Стив Бушеми во ’80-те години бил пожарникар, па еден ден после нападот на кулите-близначки од Светскиот трговски центар во Њујорк се пријавил во својата стара противпожарна станица, со цел да им помогне на неговите бивши колеги. Одработил смена од 12 часа и со останатите пожарникари пребарувале по рушевините по преживеани жртви, како и по телата од загинатите.
Кога луѓето барале да се фотографираат со него или да им даде изјава, тој жестоко го одбил тоа. После некое време, сепак, се согласил да проговори за тие настани.
„Беше привилегија повторно да се направи тоа. Беше одлично чувството повторно да се поврзам со противпожарната станица и момците со кои своевремено работев. И тоа многу ми помогна, бидејќи додека работев, не размислував за сето тоа што се случи. Дури кога запрев, сфатив што се случи таму. Сето тоа беше многу тешко да се поднесе доколку не им помагав на пожарникарите“, изјави тој во една прилика, пренесува LAD Bible.
Бушеми работел во пожарникарската станица Engine 55 во њујоршкиот кварт Мала Италија. Со бившите колеги останал во контакт и откако стана позната холивудска ѕвезда.
После сето тоа, Стив направи и документарец со НВО за пожарникарите кој се вика „A Good Job“.