Продолжува западната политичка агитација: Вес Мичел во четврток во Скопје


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Помошникот американски државен секретар за Европа и Евроазија, Вес Мичел, во четврток доаѓа во посета на Македонија со веќе дефинирана агенда.

Според најавената агенда тој ќе оствари средби со македонскиот премиер, Зоран Заев и со други официјални претставници во земјава. Како што соопшти Стејт департментот, неговото доаѓање е поддршка на Договорот од Преспа меѓу Македонија и Грција и на престојниот референдум на 30 септември.

Претходно Мичел ќе престојува во Грузија каде што ќе учествува на Меѓународната конференција во Тбилиси и ќе ја изрази американската поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Грузија.