Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Се чинеше дека францускиот репрезентативец Адил Рами е најголем „среќниот“ бидејќи беше во врска со Памела Андерсон. Но, на среќата и дојде крај бидејќи американската актерка одлучи да стави крај на романсата.
Фудбалерот на Марсеј беше во врска со Памела Андерсон и парот изгледаше многу среќен. Таа го гледаше секој негов натпревар од ложата на трибините, а медиумите тврдеа дека наскоро ќе стапат во брак.
И Рами го посакувал тоа, но американската актерка не се согласила и му кажала НЕ и одлучи да раскине со фудбалерот.
Наводно Памела како причина наведе дека се чувствува виновна што Рами поминува премногу време со неа и така ги „запоставил“ своите две деца.