Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Со оглед на тоа дека дозволнената храна не е само ниска во калориите, туку и го стимулира мозкот, новата хит диета ве прави попаметни.
Thinking диета е комбинација од разни диети и дозволува конзумацијата исклучиво на здрава храна. Тоа вклучува храна како риба, грав и јаткасти плодови, но понекогаш можете да се наградите и со чаша вино.
Кога станува збор за „Thinking“ диетата, важно е потполно да се избегнува нездравата храна. Тоа вклучува брза храна, црвено месо и слатки, односно сите предизвикувачи на висок крвен притисок и долготрајното запушување на артериите и маснотиите.
Наместо тоа, диетата се ослонува на житарици, бобичастото овошје и зелениот зеленчук. Таа одбира храна која е ниска во мастите и има хипотензивни својства.
Од една страна придонесува за губиток на килограмите, а од друга страна влијае и на менталното здравје. За меѓуоброци кога ќе ве фати глас, Thinking диетата препорачува послужување на јаткасти плодови и чаша вино која ја стимулира циркулацијата.
Можете да ги јадете овие намирници: зеленчук, овошје, зрна, риба, грав, маслиново масло, вино, јаткасти плодови.
Не смеете пак да ги јадете овие намирници: слатки, брза храна, пржена храна, црвено месо, сирење…