Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Фотографските објективи од фото-репортерите го забележаа славниот Дејвид Бекам како ужива покрај базен во Мајами.
Неговото добро дефинирано и мускулесто тело, накитено со голем број тетоважи, ги восхитува неговите бројни обожавателки, а тој уште еднаш докажа дека е во топ форма и на 43-годишна возраст. Но, еден детал од фотографиите им запна за око на многу негови фанови.
Освен по неговите фудбалски успеси и вештини, Бекам и е познат и по неговата фризура чиј изглед често го менуваше низ годините, од стил со долга коса, до плетенки и залижана фризура.
Сепак, ако може да се суди според фотографиите, токму фризурата е првиот детал од неговиот имиџ кој почнува да се „предава“, бидејќи е видливо дека неговата коса, како и на многу други мажи на тие години, почнува да се ретчи.
Британските медиуми во последно време се распишаа дека Дејвид бил на пресадување на коса, што тој никогаш не го потврди. Но, судејќи според фотките, или евентуалниот таков третман не бил баш успешен, или косата му е проретчена, па Дејвид почнува да се навкнува на таа фактичка состојба.