Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Во интервју со режисерот Јани Бојаџи, кој го режираше филмот „Ругање на Христа“, филмот кој предизвика бурни реакции и крена голема прашина во јавноста и медиумите овие денови, открива дека добива закани по живот од поранешната ОНА.
Бојаџи апелира македонските власти запрат со обидот да ги контролираат идеите на уметниците. Тој вели дека „премиерот и министерот за култура дадоа лиценца за мое убиство и тие се лично одговорни за мојот живот порачува во драматичната порака до јавноста дека заканите по неговиот живот од страна на УЧК се сериозни“ и дека токму врвот на Владата со своето однесување придонел тој да се најде во таква ситуација. За него е нејасно како некој може да коментира филм без да во види.
„Во филмот 75 годишен човек, кој бил учесник во граѓанската војна во Грција, кој бил полковник во ДАГ, кој бил осуден на смрт и кој знае се за војувањето, ќе добие исклучително хумана лекција за животот од млад, 25 годишен Албанец, Ариф“ – објаснува режисерот Јани Бојаџи.
Немал намера да навреди никого, но нема ниту обврска како уметник никому да се извинува за неговата уметност, затоа што тој не зборува за народи или нации, туку за поединци, а луѓето што ги навредуваат Aлбанците треба да се бараат на друго место.
„Албанците ги навредува тој човек (министерот за култура Адеми) кој јавно тврди дека не го гледал филмот, а категоризира какво е. За мене е навредливо да признавате дека не сте гo гледале уметничко дело, а да заземате став за него и тоа став на омраза. Ова е толку сериозно и опасно, јас не знам до каде ќе стаса“ – вели Бојаџи.