Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Во рамки на подготовките за претстојниот жесток „тепачки“ дуел со Хабиб Хурмагомедов, ирскиот славен ММА „фајтер“ Конор МекГрегор продолжува и да го провоцира својот иден противник, но и дел од обожавателите на оваа боречка дисциплина, со објави на социјалните мрежи.
МекГрегор не само што навести дека ќе го убие Нурмагомедов, туку истакна и дека за таков исход од битката, ќе добие двоен хонорар.
„Ако умре – добро! Тогаш ќе ми биде платено двојно“, напиша Конор на Инстаграм.
Конор МекГрегор отсекогаш бил познат по својата способност да влегува под кожата на противникот и да го вади од рамнотежа. Истото му се случи и на Жозе Алдо, но Хабиб Нурмагомедов тврди дека не обрнува внимание на зборовите на Ирецот и претпочита да зборува во „кафезот“.
Средбата меѓу Конор МекГрегор и Хабиб Нурмагомедов ќе се одржи на 6 октомври на турнирот УФЦ 229.