Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Еден ден после воздушната напад, сириската војска синоќа почна со артилериска офанзива на подрачјето на северозападната провинција Идлиб, последното упориште на исламистичките милитанти во Сирија. Милитантите, очекувајќи голема копнена офанзива, минираа уште еден мост, откако минатата недела урнаа два.
Истовремено, се очекува утре очите на меѓународната јавност да се фокусираат кон Техеран, каде ќе се одржи самит на лидерите на Русија, Турција и Иран, а на којшто главна тема ќе биде ситуацијата во Идлиб. Заменикот на руското министерство за надворешни работи, Сергеј Рјабков, вчера порача дека по самитот состојбите ќе станат „значително појасни“.
Во воздушните напади врз Идлиб се приклучија и руски воздухопловни сили. Од Москва порачуваат дека нивните авиони нишанеле исклучително положби на милитантите, отфрлајќи ги наводите на опосизицката органиазција СОХР во кои се тврдеше дека во нив биле убиени 13 цивили.
Турските медиуми вчера пренесоа дека претседателот, Ердоган, предупредил оти нападот врз Идлиб би бил масакр, изразувајќи надежи за позитивен резултат по утрешниот состанок во Техеран.