Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Родителството, кариерата, секојдневните обврски, финансиите, социјалните мрежи… непрестајно сме во трка со времето. Со оглед на големиот секојдневен стрес на кој сме изложени, а кој би можел да ни го наруши здравјето, факт е дека некако треба да се опуштиме.
Еве некои совети како тоа да го направите:
1. Магијата на магнезиумот
Магнезиумот помага телото да функционира нормално. Попрецизно, овој минерал, е потребен за повеќе од 600 метаболитички функции, а многу луѓе го немаат доволно во организмот.
Помеѓу останатото, на нашето тело му е потребен магнезиум за да го ограничи производството на хормоните на стрес, да го намали воспалението во организмот, и за нивото на шеќерот во крвта да биде стабилно.
2 Спиете доволно
Сите знаеме дека би требало да спиеме осум часа, но многу често сепак не спиеме толку. Секој од нас понекогаш легнува доцна во кревет, затоа што неуморно „скрола“ по социјалните мрежи… Така што, освен што не треба да го внесувате телефонот во креветот, доколку ве мачи несоница, најдете начин да се опуштите пред спиење: топла купка, добра книга, музика која ќе ве опушти.
3. Моќта на билките
Престојот надвор е фантастичен начин телото малку да се опушти, но и собните билки можат многу да допринесат. Не само да се прочисти воздухот со ослободување на кислород, туку некои истражувања покажуваат и дека помагаат во намалување на крвниот притисок.
Затоа, развеселете го својот дом со некоја собна билка…
4. Џвакајте мастика
Не се шегуваме! Џвакањето на мастика помага во регулација на дишењето, што го смирува телото и го намалува стресот.
5. Одморете се од екранот
Ако како и многумина, цел ден сте „конектирани“, без разлика дали работите на компјутер или цел ден го чепкате телефонот, тоа никако не им годи на очите и умот.
Студијата спроведена во Гетеборг покажа дека само пред екранот сме под поголем стрес, повеќе од порано, и дека тоа доведува до помалку сон, па дури и до депресија.
Затоа, повремено, малку одморете се од екранот. Правете пауза, шетајте, вежбајте, и тргнете се од телефонот барем еден час пред спиење, за мозокот да има малку време да се „исклучи“.
6. Почестете се себеси
Ако со денови сте под голем стрес од оваа или онаа причина, почестете се со масажа и телото ќе ви биде благодарно.
Доколку тоа не го сакате, уживајте во топка купка која ќе ја направите, а можете да запалите и миризливи свеќи, за да се зголеми чувството на смиреност.
7. Занимавајте се со некое хоби
Не само што хобито ќе ве спречи часовите да ги минете пред екранот, ќе ве спречи и да бидете анксиозни. Затоа, плетете, везете, правете накит, правете било што во што ќе уживате.
8. Минувајте го времето со драгите луѓе
Љубовта секогаш прави да се чувствувате подобро, затоа минете го времето со луѓето кои ги сакате, со партнерот, семејството, пријателите, тоа е најдобар начин да се изборите со стресот.
Луѓето се друштвени битија, а покрај тоа, прегратка со саканата личност го ослободува хормонот на среќа, па секако подобро ќе се чувствувате.