За се е потребна умереност: Жените го ГУБАТ слухот поради претерано конзумирање на аналгетици


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Некои од најпопуларните лекови против болка можат кај жената да предизвикаат губење на слухот, покажа истражувањето на болницата во Бостон. За жал, не одговори дали истата констатација се однесува и на мажите.

Истражувањето располага со податоци за 55.000 жени и нивните искуства во зачестеното користење на аспирин, нестероидни антивоспалителни лекови, меѓу кои се истакнуваат бруфен и ацитоминафен.

Испадна дека кај жените кои подолго од шест години често користат вакви лекови, помеѓу 9 и 10% од нив го губат слухот.

Тие кои користат аспирин, немаат такви проблеми.

Авторите на студијата истакнуваат дека последиците кои се наведуваат, не се однесуваат на повремено конзумирање на тие анелгетици, туку на зачестеното користење, кога жените со нив настојуваат да ја решат хроничната болка.

Тоа не е единствена непосакувана нус појава. Студијата покажа дека користењето на тие лекови го зголемува ризикот од срцев удар, висок притисок и проблеми со бубрезите.

Сега на ред дојде и слухот. Најновата студија не влегува во предизвикување на губењето на слухот, но од разни сметања на резултатите може да се предвиди дека проблемот ви можел да биде директно влијание на слушниот апарат или на последициа на пореметен крвен притисок и висина на кислород во најчувствителните делови на слушниот апарат.