Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Масао Матсумото (108) и неговата сопруга Мијако (100) официјално се најстариот брачен пар на светот и прославуваат 80 години брак.
Japonya'da 108 yaşındaki Masao Matsumoto ile 100 yaşındaki eşi Miyako, 80 yıllık evlilikleriyle "dünyanın en uzun evli kalan çifti" ve "toplam yaşları en büyük olan evli çift' unvanlarıyla Guinness Rekorlar Kitabı'na girdi.
80 yılın sırrı 'sabır' diyorlar: pic.twitter.com/4IvXFvviym— Selcuk Eren (@selcukerennn) September 4, 2018
Парот кој вкупно има 208 години се венчале дамнешната 1937. година, а податокот го потврди Гинисовата книга на рекорди.
Стогодишната Мијако тврди дека е заслужна таа, односно нејзиното трпение.
„Многу ми е драго. Тој брак всушност траеше благодарение на моето трпение“, вели низ насмевка Мијако, позирајќи со сопругот и останатите членови на семејството пред урамениот сертификат во старечкиот дом во кој живеат.
Брачниот пар Матсумото никогаш не успеал да реализира церемонија на венчавка со оглед на тоа дека Јапонија во таа доба се подготвувала за војна, а Масао бил испратен во војска.
Меѓутоа, тоа не ги спречило да стекнат големо семејство, имаат 25 внуци, а најмладиот е роден пред еден месец.
Влегоа во последното поглавје од својот живот. Беше чест за нив да ја добијат оваа награда. Сакам да продолжат да живеат спокојно, вели ќерката Хироми.
Јапонците инаку, во светот се познато по долгиот животен век.