Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Оргазмот игра многу важна улога во сексуалниот однос, но колку носи задоволство толку е добар и за здравјето на жената. Магазинот „Woman’s Day“ носи неколку важни факти за женскиот оргазам.
Оргазмот ја отрфла болката
Кога жените имаат главоболка најчесто заминуваат во кревет, но магазинот советува тоа да не го правите.
„Постојат докази дека оргазмот ослободува од сите видови болка меѓу кои се артритисот, постперативната болка, па дури и болката во текот на породувањето“, вели медицинската сестра, Лиса Стерн.
Објаснува дека во текот на оргазмот телото испушта окситоцин, хемикалија која го олеснува врзувањето, опушта и други емоционални состојби. Нагласува и дека самото размислување за сексот може да помогне во намалување на болката
Користењето на кондомот не го спречува оргазмот
Многумина луѓе мислат дека сексот е многу подобар без кондом, па истото важи и за оргазмите, но експертката, Деби Хербеник од Универзитетот во Индијана, порачува дека жените го доживуваат истиот интензитет на оргазам со или без кондом.
На жените не им е лесно да постигнат оргазам
Според истражувањата, помеѓу 10 и 40% од жените имаат проблем во постигнувањето на оргазам или воопшто не го доживуваат. Најдобар начин тоа да го промените е стимулација на клиторисот,смета сестра Стерн. Исто така, медицинските третмани можат да помогнат бидејќи некои жени страдаат од сексуална дисфункција. Тоа се решава со терапија на тестостерон.
Важно е да ја пронајдете својата Г-точка
Експертите уште дебатираат дали оваа точка постои или не. Додека Англичаните велат дека нема докази, сексолозите од Лос Анџелес тврдат дека ја пронашле Г-точката со ултразвук. Станува збор за сплет на неколку нервни завршетоци и тие и помагаат на жената да имаат подолги и посилни оргазми.
Оргазмите постојат подобри со годините
Иако со годините жените почнуваат да кукаат во врска со многу работи, сексуалниот живот не е една од нив. Со годините квалитетот и зачестеноста на оргазмот станува поголема. Жените со годините се сексуално поискусни, имаат повеќе самодоверба во спална соба и не се плашат да зборуваат за она што сакаат.
Комбинирањето може да помогне
Ако имате проблем со постигнување на оргазам во текот на пенетрација, тогаш комбинирајте вагинален и оргален секс или користете играчки.
Важна е вашата самодоверба
Она што жената мисли за себе е поврзана со квалитетот на нејзиниот оргазам. За да го постигнете, гледајте се секојдневно во огледало и кажувајте по една работа која ви се допаѓа на вашето тело.
Некогаш е потребно повеќе од 20 минути за оргазам
На многумина жени им е потребно повеќе време да постигнат оргазам од нивните партнери, што е сосема нормално.
Оргазмот може да се случи без генитална стимулација
Сите сме слушнале за жените кои доживеале оргазам додека седат во воз и веројатно се прашувате дали тоа е возможно. Експертите тврдат дека е можно. Причина се вибрациите кои го зголемуваат протокот на крв во гениталиите и го допираат клиторисот. Овој феномен е редок.
Нема поента да го глумите
Неодамнешна студија покажа дека 80 жени некогаш одлумиле оргазам. Доколку го одглумите вашиот партнер нема да научи што сакате, а што не, и со текот на времето ќе станете многу незадоволни.