Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Швеѓанката со српско потекло Наташа Краун сака да има најголема задница на светот, поради што консумира до 6.000 калории дневно.
24-годишната Краун од Гетеборг уште сега одвај си најдува облека во која може да ја собере, но вели дека не запира со дебелеењето додека ги нема најшироките бедра на светот.
На пластични операции веќе има потрошено над 65.000 долари, а режимот на исхрана кој го има се состои од пица, сладолед и до 15 стаклени тегли Nutella месечно. Таа инсистира дека поради тоа што е голема се чувствува „моќно и секси“.
Пријателите главно ја поддржуваат во остварување на нејзиниот „сон“, а голем број фанови има и на Инстаграм, каде ја следат над 130.000 корисници. Наташа признава дека родителите не ја поддржуваат и дека се плашат оти таа ќе стане преголема и ќе си го доведе здравјето и животот во опасност.
Source: Swedish glamour model sets sights on having world’s biggest bum by gorging on 15 jars of nutella a month by Caters_News
Со висина од 177 сантиметри, Наташа тежи околу 135 килограми. „Мојата трансформација беше шок за многу луѓе, бидејќи доста зголемив на тежина, но морам да се здебелам уште 25 килограми“, вели таа.
„Тешко е да се одржува ова тело, мора многу да јадам (околу 6.000 калории дневно) и многу да вежбам“, додава таа. „Осумдесет насто од пријателите ме поддржуваат, останатите мислат дека ќе умрам“, признава Швеѓанката.
„Семејството воопшто не ме поддржува, но ќе направам сè што треба за да го имам најголемиот задник на светот“, заклучува упорната Краун.