Жалбата на Груевски денес пред Апелација


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Денеска во Апелацискиот суд ќе се разгледува жалбата на екс премиерот Никола Груевски за двегодишната казна затвор, донесена од Основен суд Скопје 1.

Тој е обвинет во случајот на СЈО, „Тенк“, за купување автомобил „Мерцедес“ во вредност од 580 илјади евра.

Екс премиерот Груевски вчера изјави дека судовите носат одлуки под политички притисок. Тој најави дека заедно со неговите адвокати ќе го бојкотираат денешното рочиште, бидејќи судот веќе решил да му одреди казна затвор.

Груевски очекува одлуката на судот да биде казна затвор помалку од една година, за тој да нема право на жалба во Врховен суд.