Пол Макартни се отвори: Земав наркотици и го видов Бог! (ВИДЕО)


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Некогашниот член на групата Битлси, Пол Макартни во интервју за Сандеј Тајмс, проговори за земањето на наркотиците и своите духовни уверувања, и откри деа по земањето на ДМТ, го „видел Бог“.

„Седев на каучот и оддеднаш го видов Бог, тоа прекрасно величенствено битие. Бев понизен“, истакна.

Тој посочи дека тој момент не го променил неговиот живот, но нагласи дека тоа бил знак.

„Беше огромен и не можев да го видам цел. Верувам дека постои нешто повеќе. Многумина од вас не веруваат во тоа, но многу чувствуваат и сакаат да веруваат“, вели тој додавајќи дека верува дека нашите ближни се околку нас и не гледаат.

Пејачот и текстописец на 7. септември ќе го објави новиот студиски албум, „Egypt Station“ на кој ги најави песните „I don’t know“ и „Come on to me“.