„Охридско лето“ и „Струшки вечери на поезијата“ добија нови директори


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Меѓу 22-цата нови директори кои беа назначени на национални културни установи од страна на Министерството за култура се и оние на „Охридско лето“ и „Струшки вечери на поезијата“.

Со решение на министерот за култура Асаф Адеми, за нов директор на НУ „Охридско лето“ е поставена Наташа Поповиќ. Нов директор има и НУ манифестација Струшки вечери на поезијата. Со оваа манифестација во наредниот период ќе раководи Тодорче Тасевски.

За нов директор на НУ Центар за култура „ Браќа Миладиновци“ во Струга е поставена Николина Велкоска Глигороска, а директор на НУ Музеј д-р Никола Незлобински е Денис Сефиданоски.

На чело на Драмски театар – Скопје, на местото од Сашо Тасевски, доаѓа Викторија Рангелова-Петровска, со Македонска филхармонија ќе директорува Виктори Илиески, со МНТ Симона Угриновска, а на чело на Националниот ансамбл за песни и ора „Танец“ е поставен Мартин Вучиќ.