После конфликтот со играчите Данска остана без репрезентација за Лигата на нации!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Пред два месеци играа осминафинале на Светско првенство, а сега немаат репрезентација за да играат во Лигата на нации. Да, и во уредена држава како Данска може да се случи такво нешто.

Останаа уште само два дена до натпреварот против Словачка, а на пат за Трнава одлетаа само данските новинари. Селекторот Харејде беше лут што никој од повиканите репрезентативци не се појави на аеродромот во Копенхаген.

Причина за ваквиот хаос е пропаднатите преговори помеѓу Федерацијата и репрезентативците околу користење на индивидулните рекламни договори.

Имено, компанијата „Хумел“ ги спонзорира дресовите на данската репрезентација и сакаат во кампањата да учествуваат и најголемите ѕвезди, како Кристиан Ериксен. Меѓутоа, ѕвездата на Тотенхем има договор со „Најк“ кој не сака да го гледа својот „манекен“ како соработува со конкурентите.

Сега Федерацијата достави допис до сите клубови од првата и втората данска лига и бара нови фудбалери да го носат државниот дрес, бидејќи во спротивно УЕФА им се заканува дека може да ја суспендира Данска од ЕУРО 2020.