Дали забележувате нешто чудно на оваа фотографија од јапонски велеград?


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Група јапонски ентузијасти последните три години ги посветиле на создавање речиси наежувачки реалистичен град во популарната компјутерска игра Minecraft, а резултатот од нивниот труд ги остави Reddit корисниците и интернет публиката без здив.

Сајама Сити (Sayama City) беше откриен во 2016 година на сајтот Planet Minecraft и привлече доста внимание меѓу фановите на оваа игра. Деталите од секоја зграда навистина изгледаат импресивно, а многумина коментираа дека тоа е најневеројатниот Minecraft град кој некогаш го виделе, како и дека оддалеку воопшто не се гледа колку е всушност пикселизиран.

This is not real. This is a city made in Minecraft. from r/gaming

Фикционалниот метрополис кој се „градеше“ три години на социјалните мрежи главно предизвика восхит и воодушевување, а во западните медиуми стана вирален хит откако фотка од него беше објавена на Reddit.

„Ова не е реално. Ова е град направен во Minecraft“, пишува покрај „скриншотот“ од играта.